Мелон Солушнс Дооел, членка на Мелон Групацијата, за својата канцеларија во Скопје има потреба од:
Телефонски оператор (3 смени)
(реф. бр. 032026-004)
Профил на работната позиција:
- Одговарање на дојдовни повици;
- Грижа за потребите на клиентите и нивните барања во однос на обезбедување дополнителни услуги;
- Следење на повратни информации од клиентите во насока на подобрување на услугите;
- Подготовка и прецизно внесување на податоци и документација;
- Активна комуникација со клиентите.
Профил на кандидатот:
- Завршено средно образование;
- Основно познавање на MS Office;
- Солидно познавање на англиски јазик;
- Способност за справување со голем број информации;
- Одлични комуникациски вештини.
Услови:
- Работниот процес се одвива во 3 смени;
- Можност за работа од дома по завршена обука и пробен период.
Мелон Солушнс Дооел е дел од Mellon Group, водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Седиштето на Mellon Group е во Атина, Грција и моментално брои преку 8.000 вработени во 12 земји.